Регионалната средба на хортикултурни библиотеки
Регионалната средба на хортикултурни библиотеки ќе се одржи во Битола од 19-21 април 2022. г. во организација на НУУБ „Св. Климент Охридски“.
Библиотеките од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и за прв пат од Црна Гора, ќе имаат прилика да разменат искуства, како и да осмислат понатамошни активности кои ќе ги унапредат програмите на библиотеките и ќе овозможат ширење на хортикултурната библиотечна мрежа.
Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од 2017 г. активно учествува во промоцијата на хориткултурни библиотеки и со задоволство ја прифати поканата на иницијаторот Мирко С. Марковиќ, библиотекар советник и управител на регионалната мрежа, за организација на Регионалниот собир на хортикултурни библиотеки.