Produkcija

С.МАКЕДОНИЈА

Хортикултурни библиотеки С.МАКЕДОНИЈА

Библиотекарите од повеќе библиотеки од Македонија учествуваа на дводневен стручен семинар и средба на библиотекари кои активно роботат во регионална мрежа на хортикултурни библиотеки.

best_M.jpg

Координатор на Проектот, библиотекар советник Теута Османи со подршка на своите колеги од Гостиварската библиотека целосно ја реализира предвидената Агенда со размена на искуства и практики не само од нашата држава туку и науспешни приказни од библиотеки од другите држави.Мирко С. Марковиќ, независен библиотекарен советник ги запозна присутните со најновите технологии во библиотечната дејност, со користење на дигитални алатки и можности на користење на вештачка интелигениција во реализација на библиотечните програми. М-р Јелена Петровска, библиотекар советник и Милка Котевска, виш библиотекар од НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола, на присутните од името на тимот на хортикултурни библиотекари од Македонија укажаа на значењето на библиотеките во локалната средина, креирање на роднокрајни збирки и развој на компетенции во струката. Беа презентирани добри практики од библиотекарите од Битола, Радовиш, Скопје, Струмица и Пехчево, како и реализација на дигитален хербариум од училишната библиотека ОУ „Невена Георгиева Дуња“ Скопје од страна на библиотекарката Маја Трајковиќ.

На маргините на стручната средба се договорија нови проекти и регионални соработки од областа на развојот на хортикултурните библиотеки во регионот. Стручната средба е подржана од страна на Министерството за култура и туризам на РСМ.

Штип - ДЕНОТ НА МАКАЈКАТА

Денот на мајката се одбележува во втората седмица на месец мај, се со цел да се истакне мајчинството поврзано со децата, но и улогата на мајката во сите сфери на општественото живеење.
Токму за мајката, нејзиното мајчинство, се зборуваше на прекрасниот и инспиративен настанот, кој се одржа на 16.05.2025г во   а во соработка и организација на ЗХ "Либертас".
Свои видувања и излагања за мајката имаа проф. д-р Снежана Мирасчиева, професор на Факултетот за образовни науки при УГД, Билјана Рогожарова, медицинска сетра вработена во Клиничка болница- Штип,со свои дела во арапска техника се престави Верче Андонова од ЦПЛИП "Порака", а гостинката на настанот, поетеста Десанка Николова ги разбранува чувствата на сите присустни со нејзината поезија.
Нека е честит Денот на сите мајки, совршена личност, која е најблиску до најсовршеното.

Литературниот перформанс „СЛУШНИ ЈА МОЈАТА ПРИКАЗНА“ 

Ние ја раскажавме нашата приказна и влеговме во сржта на емоциите на присутните.
Синоќа во просториите на Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, го прикажавме литературниот перформанс „Слушни ја мојата приказна“ кој претставува успешна соработка помеѓу Библиотека Феткин и Гимназија Добри Даскалов.
Му благодариме на домаќинот за гостопримството, на присутните за нивните искрени честитки и на целиот тим од перформансот за гордоста која ни ја пружија.

СРЕДБА НА ХОРТИКУЛТУРНИ БИБЛИОТЕКИ

Следејќи ги иновативните и креативните програми во регионот и светот НУУБ Св.“Климент Охридски”- Битола, стана дел од мрежата на хортикултурни библиотеки на регионот и заедно со други библиотеки од Македонија стана носител на активности во нашата држава.Концептот се состои во запознавање, користење и практична апликација на знаења и литература од областа на ботаника и подигање на свест за урбано живеење во склад со природата.Како дел од промоција на Проектот - „Хортикултурни библиотеки“ библиотекарите учествуваа во оплеменување на просторот наменет за корисниците на библиотека, особено во Дневната соба, проект кој наиде на пофалби од граѓаните на Битола. Библиотекарите од цела држава на 22. мај, Денот на биодиверзитетот ќе учествуваат во презентирањето на содржините значајни за развој на библиотечното работење преку апликативните програми важни за заедницата.За сите дополнителни информации во врска со средбата обратете се на контакт лица: Ирена Колевска - 076 766 202 и Јелена Петровска – 070 565 630

Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа 2024.

Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа,  Библиотека во Штип го одбележа со промоција на романот „ЦРВЕНА МЕСЕЧИНА“ од авторкатa Вера Симовска
, промотор беше Соња Поповска-Трајковска, скулптор - мултимедијален уметник. Романот во 2023 година излегува од печат и е посветен на жената, инспириран од вистинска приказна што добила едно проширено книжевно-уметничко руво. Исечоци од книгата ни читаа Јована Бурева и Борјана Динушева од СОУ „Славчо Стојменски“ Штип, збогатени со 3 музички изведби на учениците и професорот Трајче Роглев, од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип. На крајот авторката Вера Симовска зборуваше за идејата и испирацијата за овој роман посветен на жената кој е вистинска но и поучна приказна.

 

„Дневна соба на градот“ Битола

Во рамките на реализација на најновите концепти и програми од областа на библиотечно работење подржани од Министерството за култура, Ве покануваме да присуствувате на отворањето на новиот мултифункционален простор во библиотеката „Дневна соба на градот“ Битола.

За прв пат во нашата држава се промовира библиотечен интерактивен простор познат во светот како Community hub, кој ќе биде мобилен и наполно прилагоден кон граѓаните и нивните потреби за квалитетно поминување на слободното време. По пример на скандинавските библиотеки просторот има потенцијал за реализација на различни содржини поврзани со квалитетно користење на слободното време, можноста за користење на друштвени игри, добивање на различни информации, користење на бесплатен интернет и многу други програми креирани во соработка со граѓаните.

БИБЛИОТЕКИТЕ КАКО РИЗНИЦА НА ДВИЖНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“ 

БИБЛИОТЕКАРСКО САВЕЗ МАКЕДОНИЈЕ РАСПИСУЈЕ ПОЗИВ ЗА РАД ЗА ОКУПЉАЊЕ БИБЛИОТЕКАРА И ТРЕЋУ МЕЂУНАРОДНУ КОНФЕРЕНЦИЈУ "„БИБЛИОТЕКИТЕ КАКО РИЗНИЦА НА ДВИЖНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“ ШТО ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 27 И 28 АПРИЛ ВО ОХРИД!!!
ТЕМЕ ЗА ОВУ КОНФЕРЕНЦИЈУ СУ:
1. ЗАШТИТА ПОКРЕТНОГ КУЛТУРНОГ НАСЛЕЂ
- ЗБИРКЕ БИБЛИОТЕКА КАО ПОКРЕТНО КУЛТУРНО НАСЛЕЂЕ И Њ
- СМЕШТАЈ, ОЧУВАЊЕ И КОРИШЋЕЊЕ БИБЛИОТЕКЕ СРЕДСТАВА;
- ПРЕВЕНТИВНА ЗАШТИТА БИБЛИОТЕКЕ ЗБИРКИ;
- ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ФОНДОВА БИБЛИОТЕКЕ: ПИТАЊА И ИЗАЗОВИ;
- ДИГИТАЛНЕ БИБЛИОТЕКЕ
2. УЛОГА БИБЛИОТЕКЕ И ПРОФЕСИОНАЛНОСТ БИБЛИОТЕКАРА У НАСТАВИ/ОБРАЗОВА
3. САВРЕМЕНИ ТЕКОВИ У РАДУ БИБЛИОТЕКЕ ГДЕ СМО? (ПРЕДЛОЗИ И ЊИХОВА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА).
4. БИБЛИОТЕКЕ УСЛУГЕ ЗА ИНТЕРКУЛТУРНУ ИНТЕ
РОК ЗА ДОСТАВУ ВАШИХ АПСТРАКА ЈЕ 15.3.2023. АПСТРАКТИ СТИГЛИ ПОСЛЕ 15.3.2023, НЕЋЕ СЕ РАЗМИТРАТИ!!!
ПОШАЉИТЕ СВОЈЕ АПСТРАКТЕ НА
ИО на БЗМ
др. Јана Михајловска, председница БЗМ