„Влези во нов свет“
	Активностите ќе започнат со медиумска кампања (документарен филм и промотивно видео) постери, делење на флаери и граничници на книги во сите јавни библиотеки во Макеоднија, со цел да се запознае пошироката публика со идејата и концептот на настанот.
	 Во рамките на кампањата, на 6 ти април 2017 год., на Скопски саем во рамките на Саемот за книга ќе се одржи тематски форум: Јавните библиотеки одговараат на реалните потреби на заедницата, кој е дел од иницијативата на EIFL-PLIP[1] за Балканот за 2015-2016. На форумот  ќе бидат поканети да земат учество претставници од Министерството за култура, директори на библиотеки, библиотекари, претставници од амбасади, од бизнис секторот, ИТ компании, фондации и невладини организации. На форумот ќе земат учество претставници од Бугарија и Србија кои со колегите од Македонија ќе ги споделат своите искуства, знаења и добри практики во насока на воведување на иновативност во библиотечното работење.
Во рамките на кампањата, на 6 ти април 2017 год., на Скопски саем во рамките на Саемот за книга ќе се одржи тематски форум: Јавните библиотеки одговараат на реалните потреби на заедницата, кој е дел од иницијативата на EIFL-PLIP[1] за Балканот за 2015-2016. На форумот  ќе бидат поканети да земат учество претставници од Министерството за култура, директори на библиотеки, библиотекари, претставници од амбасади, од бизнис секторот, ИТ компании, фондации и невладини организации. На форумот ќе земат учество претставници од Бугарија и Србија кои со колегите од Македонија ќе ги споделат своите искуства, знаења и добри практики во насока на воведување на иновативност во библиотечното работење.
Паралелно со форумот во хала број 2 на Скопски саем ќе се реализира и настанот Отворена библиотека, каде ќе бидат поставени штандови за промоција на библиотеките, ќе се формира единствена сцена на книги, автори, издавачи, преведувачи, библиотекари и корисници кои ќе споделуваат искуства и ќе даваат препораки за избор на четиво, ќе се потенцира општествената одговорност кон книгата и библиотеките и ќе се поттикне донирањето. Во рамките на овие активности ќе биде промовирана книгата Библиотекарка од авторот Мирко Марковиќ
	
Тематски форум: Јавните библиотеки одговараат на реалните потреби на заедницата
6 ти април 2017, Бизнис Сала (во Управната зграда наСкопски Саем)
| 10:30 – 11:00 | Регистрација на учесниците | 
| 11:00 – 11:05 11:05 – 11:10 11:10 – 11:15 11:15 – 11:20 | 
 § Отварање на Форумот, Градоначалник на град Скопје Коце Трајанов (да се потврди) § Поздравен говор, Александар Пујовски, Директор на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје § Обраќање на претседателот на Библиотекарското здружение на Македoнија Благој Николов § Иванка Соколова, Претседател на Здружението за развој и иновации на библиотеки Инова Либ Претставување на проектот : Јавно застапување на библиотеките во Република Македонија | 
| Сесија 1. Јавните библиотеки ги решаваат потребите на заедницата (добрите практики) | |
| 11:20– 11:30 
 11:30 – 11:50 
 
 
 11:50 – 12:00 
 12:00 – 12:10 
 12:10 – 12:20 
 12:20 – 12:30 
 12:30 – 12:40 
 | § Весна Црнковиќ, Директор, Библиотека „Радислав Никчевиќ“ Јагодина, Србија Трендови и иновативни услуги во народната библиотека „Радислав Никчевиќ“во Јагодина, Србија § Теодора Евтимова, Директор и Силва Василева, Заменик директор, Библиотека Љубен Карвелов, Русе, Бугарија - Библиотеките социјални иноватори и партнери во акција § Д-р Лили Бошевска, Директор, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола - Одржливоста е возможна: НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола, како лидер на општествениот развој § Д-р Милена Ристова Михајловска, Директор, НУУБ „Гоце Делчев“ Штип - Иновативни активности и инфраструктурни проекти во НУ-УБиблиотека „Гоце Делчев“-Штип § Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола - Јавните библиотеки во функција на анимација на населението во синергија со локалната самоуправа и невладиниот сектор § М-р Жаклина Ѓалевска, раководител на Одделение за заемна каталогизација во РМ, НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје - Улогата на Националната библиотека во унапредувањето на дејноста на јавните библиотеки и развојот на националниот библиотечно-информативен систем § Д-р Биљана Кочишка, Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје - Ре-инвестирање на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје | 
| Прашања и дискусија | |
| Модератори: М-р Јелена Петровска, Виш библиотекар НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола Д-р Биљана Кочишка, Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје | |
| 13:40 - 13:00 | Пауза | 
| Сесија 2. Интерактивна работилница (проценка на потребите) (само за регистрирани учесници за 2 сесија) | |
| 13:00 - 13:45 
 13:45 - 14:15 14:15 - 15:00 
 
 15:00 | Како библиотеките може да придонесат и да станат дел од процесот за решавање на проблемите на заедницата. (Предизвици, ставови и очекувања) - (група дискусија) Можности за поддршка на библиотеки (конкретни акции) (работа во групи) Дискусија група). Заклучоци и препораки Фасилитатор на втората сесија: Михаил Китановски, генерален менаџер D2EM Консалтинг 
 
 Кетеринг | 
6 ти април 2017, Скопски Саем, Втора Хала ...
| Промотивни активности на библиотеките од Р. Македонија | |
| 11:00– 11:30 
 11:30 – 12:00 
 
 
 
 
 
 12:00 – 12:30 12:30 – 13:00 
 
 
 
 13:00 – 13:30 
 
 
 
 13:30 – 14:00 
 14:00 – 15:00 
 
 15:00 – 17:00 
 | § ЈОУБ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ - ГЕВГЕЛИЈА - Средба со младите поети Стефан Марковски и Стефчо Стефанов 
 - Дружење со поети од Штип Рената Пенчова Анастасија Петрова Ирена Перчеклиева Ирена Постолова Миланчо Миленковски Благица Ефремова · ЈОУ Библиотека „Феткин" Кавадарци 
 § НУБ „Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - СКОПЈЕ - Претставување на ЕБСКО базите, можности и пребарување м-р Миодраг Дадасовиќ. Информации со што располагаат базите, како може да се најде бараната информација итн. - Презентација на УДК системот и на Прирачникот за УДК и начините на практична употреба на УДК од страна на потенцијалните корисници - м-р Сенка Наумовска 
 § Промоција на бестселерот „БИБЛИОТЕКАРКА“ од авторот Мирко Марковиќ 
 § Трибина Biblioteka Futura, Мирко Марковиќ, модератор м-р Миодраг Дадасовиќ 
 Кетеринг и музичка забава (Бизнис центар на Скопски саем) | 
	Дата на одржување:  6 ти април, 2017 ( четврток)
	Време на почеток:  11.00 часот
	Место на одржување: Скопски Саем  – Бизнис центар и Хала 2.
	Адреса: Беласица 2, 1000 Скопје
	Вашето присуство на овој настан е од исклучителна важност.
	Ве замолуваме најдоцна до петок, 31 ти март, 2017 година да ја пополните Пријавата која е во прилог, со што ќе го потврдите вашето учество на форумот и да ја испратите на следната е-маил адреса: Ova adresa el. pošte je zaštićena od spambotova. Omogućite JavaScript da biste je videli.
	За дополнителни информации можете да се обратите кај: 
	Иванка Соколова на тел: 070 227 917 и Биљана Кочишка на тел 070 356 264














