до 2023.
Регионалната средба на хортикултурни библиотекиРегионалната средба на хортикултурни библиотеки ќе се одржи во Битола од 19-21 април 2022. г. во организација на НУУБ „Св. Климент Охридски“.Библиотеките од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и за прв пат од Црна Гора, ќе имаат прилика да разменат искуства, како и да осмислат понатамошни активности кои ќе ги унапредат програмите на библиотеките и ќе овозможат ширење на хортикултурната библиотечна мрежа.
ХОРТИКУЛТУРНИ БИБЛИОТЕКИ – РЕГИОНАЛНА СМОТРА 19-21.04.2021 Битола (Северна Македонија)
2. форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина

Книги и кафе со наши писателки
НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, ова лето 2021. ви ги претставува низ прекрасна дружба и кафе нашите локални писателки. Жени кои секогаш наоѓаат време за се. Нивните имиња сите ги знаат, но не само кај нас, туку низ целиот свет. Нивните дела зборуваат за нив и нивната неизмерна љубов кон пишаниот збор.
Светлана Папачек е наша писателка, жена чии дела зборуваат за силината на жената. На наше огромно задоволство можевме да ја запознаеме од блиску. Низ кафе и прекрасен разговор таа ни раскажа се за неа. Родена е во Скопје, но љубовта ја носи во Битола, каде основа прекрасно семејство, богато со историја и автентични приказни за животниот пат на лозата Папачек...
ДИГИТАЛНА ИЗЛОЖБА ПО ПОВОД 100-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во рамки на Националната програма за одбележување на 2021 година - Година во чест на Блаже Конески, со неколку комплементарни активности ја одбележува 100-годишнината од раѓањето на Конески, исклучително значајна личност во процесот на кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, еминентен лингвист, реномиран славист, втемелувач на македонистиката на Филолошкиот факултет во Скопје, афирмиран поет, прозаист, есеист, публицист, литературен историчар, полиглот и препејувач од повеќе јазици, еден од основачите и прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија и на МАНУ.
Во чест на Блаже Конески е изработена дигитална изложба со мултимедијални содржини, насловена „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“ и истата е поставена на веб-сајтовите на НУБ „Св. Климент Охридски“ и на Дигиталната библиотека на РСМ. Изложбата содржи селектиран материјал од општиот фонд и од специјалните збирки на НУБ „Св. Климент Охридски“: објавени дела од Блаже Конески и од други автори за Конески, преводи на негови дела на други јазици и негови преводи од други автори, оригинални ракописи од авторот, фотографии, музички ракописи и печатени партитури од реномирани македонски композитори инспирирани од богатиот книжевен опус на Конески, снимки од негови искажувања, стихови и др.
Чествување на Коле Чашул

КАРАМАНОВИ СРЕДБИ
Деновиве Радовиш пулсираше во духот на 46 Караманови поетски средби на кои присуствуваа поети од повеќе земји меѓу кои и големиот шпански поет Хусто Хорхе Падрон. Свеченото отварање на манифестацијата започна со изложба на слики од познатиот македонски сликар Ниче Василевски, продолжи со познатите стихови од Ацо Караманов „Псалм за m-lle Lili“ а со кореографијата „Перон„ на балетското студио Газели, беше најавен големиот шпански поет, кој се претстави со повеќе песни од својот поетски опус, од кои поемата посветена на Македонија предизвика посебни емоции кај радовишката публика. По претставувањето на Хусто Хорхе Падрон од страна на познатата македонска писателка и критичар – проф. Д-р Кристина Николовска на големиот поет со светски глас му беше доделена Европската награда за поезија „Ацо Караманов“.
„Библиотека на годината“ за 2019 година
Коомисијата за доделување на признанието „Библиотека на годината“, работејќи според насоките на Правилникот за доделување на признанието „Библиотека на годината“ и следејќи ги Критериумите за вреднување / проценување на посебноста за доделување на признанието „Библиотека на годината“ заклучија дека врз основа на материјалите и содржините доставени со Пријавите по објавениот јавен повик и врз основа на исполнување на критериумите на највисоко ниво оваа година библиотеките ЈУ Градска Библиотека „ Браќа Миладиновци“ – Скопје и Општинска народна библитека „Браќа Миладиновци“ – Радовиш, заедно да го понесат признанието „Библиотека на годината“ за 2019 година. Доделувањето на ова признание ќе биде на 6 декември 2019 година (петок) во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, а по повод 75-годишниот јубилеј од нејзиното работење и дејствување.
Во Делчево и Македонска Каменица се одржа натпреварот „Млади библиотекари“

Меѓународна стручно-научна конференција на библиотекари во Штип

Во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Штип ќе се одржи Меѓународна стручно-научна конференција на библиотекари во организација на Библиотекарското здружение на Македонија (БЗМ) и Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ – Штип. Како што информира БЗМ, на конференцијата со стручни трудови, предавања и презентации ќе земат учество приближно 150 учесници од земјава, Србија, Турција, Словенија и Црна Гора. Теми на меѓународната конференција се „Јубилеј 70 години Библиотекарско здружение на Македонија“, „30 години COBISS во Македонија – придобивки и значење за развојот на библиотеките и библиотечната дејност“ и „Професионализација и заштита на библиотекарската професија“. На 18 октомври ќе има предавања за „Матичната улога на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје: предизвици, проблеми и решенија“, а ќе се заокружи со 46. годишното Собрание на Библиотекарското здружение на Македонија, соопштија организаторите.
НУ УБ „Св. Климент Охридски“ во регионална мрежата за хортикултурни библиотеки

Во Лазаревац, Р. Србија на 10. И 11. Октомври 2019.год. се одржа Втора национална смотра и Прва регионална смотра на хортикултурни библиотеки во организација на Мирко С. Марковиќ главен раководител на мрежата за хортикултурни библиотеки и библиотека домаќин Национална библиотека „Димитрије Туцовиќ“ од Лазаревац кои се погрижија за многу богата Агенда во која беа вклучени и повеќе работни средби и договори со учесниците. Во мрежата на хортикултурни библиотеки активно зедоа учество претставници од Р. Србија, од Лазаревац, Чајетина и Кикинда, од Р. Српска Зворник, од Босна и Херцеговина Тузла, од Хрватска Винковци и од Р. Северна Македонија Битола. На средбата беше присутен и Ласло Блашковиќ, директор на Народна библиотека од Србија. Претставници на библиотеките од регионот ги разменаа искуства од библиотечните активности поврзани со хортикултурни библиотеки, како и од спроведување на активности од УНЕСКО – ва програма УН Агенда 2030 за влијанието на библиотеките врз потребите на заедницата.
Во работниот дел се дефинирани целите, принципите на работа, заеднички проекти и ширење на мрежата во одделни држави.
Учесниците од НУ УБ „Св. Климент Охридски“ воспоставија контакти и работна средба со претставници на РЕ Колубара во врска со промовирање на еколошки проекти, особено проект за рекултивација на површините во РЕК Битола, по примерот на РЕ Колубара кои со години ги развиваат сличните програми. На тој начин библиотеката ги остварува целите кои се однесуваат на одржливиот развој особено во сфера на екологија, одржливоста на расположиви ресурси како дел од концептот за ткн. паметни градови.
Награда за иновации на јавните библиотеки на ЕИФ
Отворен е повик за поднесување на апликации за новата награда за иновации на јавните библиотеки на ЕИФЛ со кој се поттикнуваат што поголем број на јавни библиотеки во земјите во развој и транзициската економија да аплицираат и ќе бидеме многу благодарни ако можете да ни помогнете преку споделување на повикот преку вашите мрежи и контакти.
Еве ги деталите за повикот:
Аплицирај сега! Награда за иновација на јавната библиотека ЕИФЛ!
Новата награда за иновации на јавните библиотеки на ЕИФЛ, за народните библиотеки, кои вршат едукација за дигитални вештини на иновативни начини и кои ги приближуваат луѓето преку Интернет, сега е отворена за апликации. Дигиталните вештини се потребни сè повеќе, во работата и во секојдневниот живот. Во постојано менување на технолошката околина, на луѓето им се потребни доживотни можности да научат нови дигитални вештини. Опремени со компјутери и Интернет, народните библиотеки станаа важни играчи за приближување на луѓето преку Интернет и обезбедување на дигитални вештини.
Наградата е отворена за сите јавни и библиотеки во заедницата во земјите во развој и економијата во транзиција кои воведуваат обуки за дигитални вештини на иновативни начини и кои на луѓето им го приближуваат интернето
Реновирање во библиотеката „Другарче“ - ГБ БМ Скопје
Одбележување на Меѓународниот ден на миротНУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола беше дел од настанот во организација на Ротари Клубот Битола "Широк Сокак" кои традиционално по 8-ми пат го одбележуваа Меѓународниот ден на мирот под мотото: "Активно учествувај и создавај мирољубива клима", приклучувајќи се на сите мирољубиви луѓе ширум светот во потрага по еден ден, целосно исполнет со мир и слобода.
Дигитални услуги во библиотеките 2.0
Во Бања Врујци (Р. Србија) во организација на здружение (InternetClub Srbija) на креатори создадени за поврзување на креативните и бизнис интересите поврзани со заеднички и успешни перформанси на глобалната компјутерска мрежа од 4 -6 јуни е организиран Акредитиран семинар за стручното усовршување на тема „Дигитални услуги во библиотеки 2.0.“ Библиотекари од Србија, Македонија и Босна и Херцеговина имаа прилика да се запознаат со иновативните услуги и алатки за дигитализација наменети за библиотечните корисници.
На Семинарот од Македонија беа присутни библиотекари и стручни лица од Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ и НУ УБ „Св. Климент Охридски“, кои ги претставија своите програми и идеи за реализација на иновативните програми поврзани со дигитални услуги во библиотеки 2.0. Здружението ИНОВА Либ беше претставено од библиотекари од Радовиш и Пехчевo.
Врвните предавачи од областа на библиотечната дејност др. Адам Софронијевиќ, Весна Црнковиќ, представници од Министерство за култура на Р. Србија одговорни за дигитализација дипл. Инж. Вукосав Средојевиќ и др. Дејан Маслинковиќ. Во улога на медијатор и обединувач на идеи за демистификација на дигитализација. Практичниот дел на Семинарот даде насоки за подобро искористување на постоечките ресурси на библиотеките како во однос на опрема, така и во однос на стручниот кадар. Саемот на идеите и рад по групи донесе многу корисни и применливи идеи за проекти во иднина базирани на процесите на дигитализација, односно спој на аналогни и дигитални услуги за библиотечните корисници.