Produkcija

Izvori

 

 

 

 

„Дигитални библиотеки“

Повикот е отворен за сите библиотеки кои имаат интерес за дигитализирање на библиотечната граѓа и за обуката е потребно да номинираат лице кое во иднина би работело на дигитализација на библиотечната граѓа. Методологијата на работа на обуката ќе се базира врз принципот на неформално образование кое вклучува интеракција и практична работа со учесниците. 

Работилницата ќе ја водат експерти од областа на библиотекарството: Мирко Марковиќ, библиотекар советник и меѓународен консултант по библиотекарство, Р. Србија Мр. Слободан Стевановски – директор на Општинска библиотека Ковачица, Р. Србија Александар Рангелов, Раговодител на одделение за дигитализација, НУБ „Свети Климент Охридски“ Скопје Јелена Петровска, библиотекар советник, НУУБ „Свети Климент Охридски“ Битола Александар Крстев, библиотекар информатор, НУУБ „Свети Климент Охридски“ Битола

Сместувањето, оброците и материјалите ги покрива Здружението, а патните трошоци ги покриваат библиотеките кои ќе делегираат претставник.
Библиотеките може да пријават по 1 (еден) кандидат/претставник со испраќање на пополнета пријава (во прилог) за учество, на следнатата е-маил адреса Ova adresa el. pošte je zaštićena od spambotova. Omogućite JavaScript da biste je videli. најдоцна до 20-ти септември 2018. За дополнителни информации можете да се обратите кај: Иванка Соколова на тел: 070 227 917.