TARGET



Produkcija

Izvori

 

 

 

 

МАКЕДОНСКИ БИБЛИОТЕКАРИ ВО БИБЛИОТЕКИ ВО СРБИЈА

Јагодина ги претстави своите библиотечни програми кои имаат освоено бројни меѓународни награди, но и срцата и животниот простор на граѓаните од оваа општина. Колегите од Македоније дадоа свои коментари и пофалби за остварените резултати. 
Панел програмата БИБЛИОТЕКА -ВЧЕРА, ДЕНЕС, УТРЕ  во тренинг центарот на Интернет клубот во Врујица, одзеде најмногу време и внимание. Дипломираниот инженер Вукосав Средојевиќ и професор Катарина Марковиќ, на вистински начин ја поддржаа идејата на Мирко Марковиќ и ги демонстрираа сите можности што може да ги овозможи Интернет клубот во библиотекарската и информациска дејност. 
Во Лазаревац го разгледаа репрезентативниот библиотечен простор и беа присутни на единствениот од таков карактер Фестивал на хумор за деца кој се одржува 29 години по ред. 

Љиг покрај топлината на библиотечното работење во една мала средина, пред гостите со гордост  беше покажана Градската детска библиотека Слободан Ж. Марковижи кој е и оснивач на Катедрата за Македонску книжевност во Србија


Библиотеката на градот Белград само по себе беше извор на широки интересирања и кај гостите најголем впечаток предизвикаа атрактивниот простор и содржини. 
Ова е почеток на воспоставување регионална соработка на Интернет клубот, кој после програмите и проектите со библиотекарите од Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, особено Република Српска ќе воспостави соработка и со Македонија. Круната на овој сегмент на работа на Интернет клубот, наскоро ќе биде ставена преку потпишување на „Протоколот за регионална соработка за развој и унапредување на библиотечно информативната пракса“ со Здружението за развој и иновации на библиотеки ИНОВА ЛИБ