„Мост на знаењето: разновидност, дијалог и иновации во современите библиотеки“
На 14 и 15 октомври 2026 година, Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово за првпат ќе ја организира Меѓународната конференција, на која ќе учествуваат библиотекари, истражувачи и професионалци од земјата и странство.Конференцијата има за цел да создаде простор за размена на искуства, идеи и современи практики, со фокус на разновидноста, дијалогот, иновациите и улогата на библиотеките во современото општество.
Нова културна и професионална иницијатива за Тетово и мост на знаењето меѓу библиотеките, професионалците и културите.
